Комуникација и медиумска култура

  • Да се поттикнува детето на користење на говорот како средство за меѓусебно запознавање и разбирање;
  • да се воведува во користење на говорот како средство за изразување на своите мисли, чувства, доживувања;
  • да се воведува во активно слушање со разбирање на говорот на другите;
  • да се воведува во правилно и разбирливо говорење со умерена јачина и темпо на гласот;
  • да се оспособува да ги усогласува глаголите по време, да се изразува јасно и со правилно составени реченици;
  • да се поттикнува кон воочување на разликата помеѓу не литературен и литературен говор;
  • да се поттикнува на правилна артикулација и дискриминација на гласовите;
  • да ги развива континуирано говорните органи во функција на правилно дискриминирање и артикулирање на говорот;
  • да се воведува во традиционални говорни игри (бројалки, загатки, игри со зборови);
  • да развива способност за меѓусебна комуникација и поттикнување на детето за разговор со своите врсници;
  • да се поддржува за јасно, течно и акцентирано изразување при јавни настапи пред врсниците и возрасните;
  • да се поттикнува да дава објаснување за сопственит епостапки во одредени ситуации;
  • да се оспособува за препознавање на зборови кои се различни од мајчиниот јазик;
  • да усвојува и применува културно однесување во комуникацијата со возрасните и врсниците (Вие, Ви благодарам, молам, се извинувам);
  • да умее да ги почитува потребите и желбите на другите, да прави компромиси, да се договара;
  • да се поттикнува за учество во драматизации и поттикнување на желбата за прифаќање на игра на улоги;
  • да се поттикнува кон развивање на способноста за невербално комуницирање со помош на гестови, мимики и пантомима;
  • да се ослободи од чувство на страв, напнатост и несигурност во разговорот;
  • да се запoзнава со различни видови телевизиски и радио емисии;
  • да стекне елементарни знаења за театарот, драмската и музичката уметност;
  • да се запознава со детски списанија.

Читање и збогатување на речникот

  • Да се поттикнува детето на развивање интерес, љубов и потреба за разгледување на сликовница или друг печатен материјал, држејќи ја книгата во правилна позиција;
  • да се воведува во литературата за деца;
  • да ја развива способноста за слушање, разбирање и доживување на содржината на литературните творби;
  • да се запознава со одбрани прозни и поетски дела од уметничката и народната книжевност;
  • да развива спознание за користење книга ил сликовница како извор на информација;
  • да слуша различни литературни видови и да ги воочува сличностите и разликите меѓу нив;
  • да се поттикнува способноста за елементарно оценување на карактеристиките на јунаците од уметничките дела и нивните постапки;
  • да го збогатува говорот со внесување на убави изрази од литературни дела;
  • да се мотивира да го вежба препознавање, односно „читање“ цели зборови и симболи што ги гледа најчесто помнењето преку изразно рецитирање на стихотворба, гатанка пред публика;
  • да се запознае со некои поети, писатели, артисти и да негувa почит кон нив;
  • да стекне елементарни знаења за книгата како литературно дело, како и за тоа дека таа има наслов, автори илустрации;
  • да стекне елементарни знаења за разликите меѓу илустрациите и текстот;
  • да се оспособува за визуелно препознавање, односно „читање“ цели зборови и симболи што ги гледа најчесто.

Пишување

  • Да се поттикнува детето давоспоставува координација око – рака;
  • да се запознае со различни материјали и средства за пишување;
  • да се оспособува за правилно држење на моливот;
  • да развива способност запишување или цртање на разни форми со повеќе потези;
  • да се поттикнува да развива интерес за пишување;
  • да се поттикнува со користење на шари, цртање и чкртаници да напише некоја порака.

Говорно творештво

  • Да се поттикнува детето на творештво;
  • да ја развива фантазијата преку создавање на нови идеи и оригинални решенија;
  • да се воведува во опишување, раскажување, прераскажување;
  • да се поттикнува и да се оспособува за раскажување на настани со леснотија, по сеќавање со употреба на соодветни зборови;
  • да стекне елементарна способност за опишување на предметите и појавите во моментот кога тие не се присутни;
  • да се поттикнува за мисловна класификација и мисловна серијација преку говорно творештво;
  • да се охрабрува и да се поттикнува за учество во говорни игри (дополни ја реченицата, продолжи ја приказната);
  • да се оспособува за раскажување настани по слики кои имаат одреден редослед.