Социјален развој
- Да се запознае детето со воспитувачот, просторијата со опрема, средствата, играчките и материјалите во просторијата за учење и развој;
- да се поддржува самостојноста за самоопслужување;
- да се навикнува на учество во уредувањето на просторот, донесувањето на правилата на однесување во просторијата за учење, нивно целосно запознавање и осознавање на последиците од нивното непочитување и прекршување;
- да се поттикнува да стане свесно за сопствениот статус и улогата во однос на поставување на правилата во групата и семејството и нивно почитување;
- да се поттикнува на чувство на припадност на групата, семејството;
- да ја воочува потребата од заеднички распоред на животот, кој им овозможува заедно да живеат играат и учат, со што стекнуваат различни искуства;
- да се поттикнува заедно со другите деца да планира и реализира активности, да решава едноставни задачи, проблеми и конфликти кои се појавуваат меѓу нив;
- да ја согледува ползата од сопствената и заедничка работа;
- да се поттикнува да ги надминува стереотипите врзани за разликите меѓу половите;
- да се запознава со државните симболи – знаме, химна;
- да се поттикнува да развива чувства на љубов и почит кон татковината Република Македонија;
- да се запознае со основните правила на однесување и комуникација со децата и совозрасните; својот роден крај, народното богатство и културата;
- развивање на национален и културен идентитет – гордост и припадност на македонскиот народ и Република Македонија;
- да ги спознае, да умее да ги препознава, да ги прифати и почитува својата културна и етничка припадност и различностите во културниот и националниот идентитет на сите етнички заедници во државата;
- да се запознае со значењето на личните, локалните и државните празници, поттикнување на детето за активно учество во нивните прослави;
- да се поттикнува на интерес за запознавање други луѓе, краишта, обичаи, како и во други држави во светот;
- да се оспособува за воочување на сличностите и разликите меѓу децата и возрасните;
- да ги усвојува и почитува правилата на однесување во групата на која припаѓа;
- да се оспособува за правилно користење на заедничкиот имот;
- да се поттикнува кон надминување на евентуалните стереотипи, улоги и традиции по однос на инклузивноста од секој аспект;
- да се запознае со убавините на однесување низ вербалната и невербалната комуникација со лица од други социјални структури и групи (непознати деца, возрасни лица, странци и сл,);
- да ги запознава и прифаќа елементарните морални норми со кои се регулира односот кон себе и другите (толерантност, соработливост, упорност, самостојност, чесност, дарежливост, умереност, вистинољубивост, мирољубивост), како и поттикнување на одбивност кон сѐ она што е спротивно на овие особини;
- да се поттикнува да ја негува осетливоста за интересите, мислењата и однесувањата на другите, кои се разликуваат од неговите;
- да се поддржува во збогатување на социјалното искуство.
Емоционален развој
- Да ја развива емоционалната сигурност, заштита и прифатеност во групата;
- да ги развива и негува позитивните емоции, како што се: љубов, радост, среќа, задоволство, опуштеност и сигурност;
- да се оспособува за воочување и манифестирање на некои нијанси во емоционалната комуникација;
- да се поттикнува на позитивен емоционален однос кон членовите на семејството, развивање чувства на припадност и меѓусебна доверба;
- да се поттикнува да искажува радост и задоволство од успешно извршената работа;
- да се поддржува во збогатување и облагородување на детскиот емотивен свет и имагинацијата, преку непосредна комуникација со различни уметнички дела, традицијата , културата на која припаѓа и сл.;
- да се поддржува во развивање на осетливоста за чувствата на другите луѓе (емпатија) преку разбирање на нивните емоционални состојби;
- да се поддржува во јакнење на самодовербата и самопочитта, како и на довербата и почитта кон други луѓе;
- да се поттикнува за негување на чувството на љубов кон другите луѓе и татковината;
- да се поддржува во облагородување на позитивните емоции (благородност и милост) и доживување на блиските луѓе како блиски;
- да се поттикнува да ја развива свеста за негативните емоции (љубомора, агресивност, завидливост, себичност), нивно препознавање кај себе и другите; канализирање на негативните емоции кај детето;
- да се поттикнува да пронаоѓа свои оригинални решенија за надминување на некои негативни емоции;
- да се поттикнува да осмислува различни начини на изразување на љубов, почит, среќа, задоволство и сл.;
- да се поттикнува за надминување на ирационални стравови.