Логика и размислување

  • Да се поттикнува самостојност кај детето при изведување на едноставни истражувачки активности;
  • да се развиваат вештини за користење на сетилата во процесот на откривање;
  • да се развиваат способности за самостојно реализирање на едноставни истражувачки активности и на набљудување и откривање;
  • да се поттикнуваат и да се развиваат мисловните процеси (заклучување, помнење, логичко поврзување, креативност, итн.) преку процесот на сетилното учење;
  • да се постават основи за логичко поврзување на стекнатите информации;
  • да се поттикнува и поддржува сфаќањето на причинско- последичните врски и релации;
  • да се развива чувство за случувањата во сегашноста и блиското минато;
  • да се поттикне разликување на настаните кои се случуваат од оние кои не се случуваат во моментот на набљудувањето;
  • да се постават основи за развој на способности за решавање на едноставни проблемски ситуации.

Математика

  • Да се поттикнуваат кај детето способности за просторно ориентирање (воочување релации во однос на себе: пред – зад; горе-; под, далеку);
  • да се развиваат способности за вербално искажување на односи меѓу предметите (во, на, под, пред-зад);
  • да се развиваат способности за идентификување на делови од целина;
  • да се поттикнуваат способности за користење на математиката во опкружувањето;
  • да се развиваат способности за воочување на разликите кај предметите и нивно споредување.
  • да се развиваат способности за класификација според боја, форма, големина, вид и род;
  • да се развиваат способности за воочување, идентификување и користење спротивности кај предметите во непосредната околина должина, широчина, големина;
  • да се поттикнуваат способности за групирање на предметите според воочливи и заеднички особини;
  • да се поддржува иницијатива и умешност за броење до 10;
  • да се поттикнува користење на математичкото разбирање во решавањето на практични проблеми (од секојдневието);
  • да се поттикнува употребата на броеви во комуникацијата со играчките и другите познати предмети во опкружувањето;
  • да се развива свеста за количеството на броевите (до 3);
  • да се поттикнуваат способности за одредување и препознавање на временски релации (делови од денот: утро, пладне, вечер, ден, ноќ).

Наука

Запознавање и разбирање на околината

  • Да се поттикнат кај детето знаења и способности за препознавање и класификација на животните според местото на живеење, според родот и карактеристиките;
  • да се поттикнуваат способности за препознавање и класификација на растенијата;
  • да се поттикнат сознанијата за основните фактори и услови за опстојување и развој на живиот свет;
  • да се поттикнат знаењата и способностите за распознавање на основните својства на одредени природни елементи и појави од опкружувањето;
  • да се поттикнат знаењата и способностите за препознавање на годишните времиња;
  • да се стекнуваат знаења за средината и опкружувањето преку конкретно набљудување и манипулирање;
  • да се поттикнува и поддржува разбирањето на членовите во семејството и на сегашните случувања во неговиот живот;
  • да се развива интересот за стекнување основни сознанија за човекот како природно и општествено суштество;
  • да се создадат основни претстави од областа на сообраќајната култура и современата техника и технологија на комуникакција.;
  • да се поттикне прифаќањето на екологијата како дел од современиот начин на живеење.

Уметност

Ликовно воспитание и музичко воспитание-

  • Да се поттикнат способностите за цртање и обликување на разни едноставни форми и облици;
  • да се поттикнува самостојноста во користењето на различен ликовен и останат неликовен материјал;
  • да се поттикнува самостојноста во истражувањето, разликувањето и именувањето на одредени основни бои, текстура, простор, форми, облици на предмети во две и три димензии;
  • да се поттикне способност за истражување и разликување на одредени звуци, гласови;
  • да се развијат способности за реагирање според сетилата за вид, слух, мирис, вкус, допир;
  • да се развијат способности за распознавање и именување на сетилните дразби врз основа на искуствата и доживувањето;
  • да се поттикне интерес за учество во ликовни активности преку користење на разни форми на ликовно изразување;
  • да се развиваат способности за опсервација слушање и имагинација според доживувањата низ музичките и ликовните активности;
  • да се развива способност за пеење на песни со едноставен ритам и умерена јачина на гласот;
  • да се развива музичката меморија;
  • да се развијат способности за разликување на брзото и бавното темпо на музиката;
  • да се поттикне способност за препознавање и слушање на различна музика;
  • да се поттикнат знаењата и способностите за распознавање на одредени музички инструменти;
  • да се поттикнат способности движење и танцување на едноставна кратка музичка содржина;
  • да се поттикне процесот на воочување на различни форми на танцување (оро, балет, танц и сл.);
  • да се развиваат способности за користење на различни материјали, алатки, инструменти, предмети и достапни ресурси за искажување на сопствените креативни идеи и чувства;