Во текот на денот постои интегративен и холистички пристап на сите аспекти на развој на децата (домени), притоа се зема во предвид возраста на децата, нивните индивидуални потреби, можности, способности и интереси, како и условите за работа. Во непосредна работа со детето се практикува индивидуален приод и примена на повеќе различни стратегии. Воспитно-образовната работа воспитувачот ја документира и евидентира во пропишани документи од страна на МТСП, во хартиена и електронска форма. Децата од големите и средните групи факултативно изучуваат специјални програми – англиски јазик, физичко и здравствено воспитание и модерен танц.
Во Програмата за рано учење и развој се интегрирани содржини од други програми и проекти распоредени според возраста на децата.