Денеска нашите дечиња од објектите „Развигорче“ и „Кокиче“ со пригодна програма и активности го чествуваа името и делото на нашиот патрон Ангел Шајче, борец на кумановскиот одред кој пред 75 години го даде својот живот во битката кај Пелинце во борба против бугарскиот окупатор.
По тој повод делегација со претставници од ЈОУДГ „ Ангел Шајче“ – Куманово предводени од директорот на установата положија свежо цвеќе на спомен обележјето на НОБ во село Пелинце.