По повод Детска недела од 01.10.2018 до 07.10.2018 год. во објектите Кокиче, Славејче, Синоличка, Развигорче, Пчелка, Бубамара и Детелинка, во рамки на проектот „Од дете за дете“, беше спроведена хуманитарно – едукативна и собирна акција „Дарувај од срце“ наменета за деца од семејства кои се во социјален ризик. Во собирната акција се вклучија 100 донатори – родители на деца згрижени во Установата, а собрани беа 1070 парчиња/пара разновидна донација и тоа: 895 парчиња детска облека, 65 парчиња на детски играчки, 78 пара детски обувки, 8 парчиња разновидни помагала на децата, 22 примероци на детска литература и 2 парчиња на постелнина.
На 22.10.2018 година, во просториите на објектот Развигорче, Установата ја предаде донацијата на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Куманово, со цел да се спроведат понатамошните активности од акцијата во соработка со Црвениот Крст – Куманово. Селекција на приматели на донацијата ќе се врши во ЈУМЦСР Куманово кои со издадена потврда ќе можат да ја подигнат во просториите на Црвениот Крст – Куманово.