На 21.02.2019 година децата од Големата Б група од објектот „Развигорче“ заедно со претставници од нивните родители и од Еко-одбор при ЈОУДГ„Ангел Шајче“ – Куманово, а за потребите на програмата „Интеграција на еколошка едукација на македонскиот образовен систем“, го посетија приватното претпријатие за рециклирање на хартија – МИТ Груп Компани – Куманово.
Цел на оваа посета беше децата да стекнат знаења за собирање и селектирање на отпад – хартија и начини на нејзина обработка за понатамошна употреба.