Во Првата недела од месец Октомври по повод Детска недела со децата од нашиот објект ,,Кокиче” реализиравме низа на интересни активности.

– Денот на учителот, го одбележавме со посета на блиско училиште ,,Крсте Мисирков” со цел децата на возраст од 5-6 год. да се дружат со ученици во училница.

– Денес поголемите децата ја посетија библиотеката ,,Тане Георгиевски” сѐ со цел да им се поттикне љубов кон книгата и читањето.

-Помалите во дворот ,рекреативно се забавуваа на ,,Игри без граници”. Децата беа среќни и исполнети со силна желба за дружење, навивање и натпреварување со врсниците. Продолжуваме со веселби и игри сѐ за доброто на децата.

Секогаш нека царува насмевката на детските лица!