Дигиталната маркетинг агенција Media Solutions и оваа година традиционално по деветти пат ја организираше манифестацијата Сајт на годината .
Карактеристично за овој натпревар е тоа што македонските интернет посетители ги номинираат и гласаат за своите омилени сајтови на сајтот на манифестацијата. Оваа година своите гласови ги дадоа речиси седум илјади интернет посетители од Македонија.
Веб страната на ЈОУДГ „ Ангел Шајче“ – Куманово е победник во категоријата на владини/државни институции за 2018 година. Во истата категорија второто место ја доби веб страната на Агенција за вработување на РМ, додека третото место и припадна на веб страната на Електронскиот систем за јавни набавки.