По повод 21 март (Ден на пролетта и Ден на екологија) и 22 март (Светски ден на водите) децата од објект „Бубамара“ при ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово, на Градскиот кеј покрај реката Кумановка, симболот на нашиот град Куманово, организираше настан „Реката убава мила, доколу е чиста поубава би била“.

Водата е здрава само ако е чиста, водата треба да биде проѕирно бистра!

Сакам да дишам воздух чист, чиста река и шарени цвеќиња да гледам и под зелена крошна со другарчиња да седам!

Тој ден сите ние славиме, за чиста околина се’ правиме!