Децата од големите групи заедно со вработените од нашата установа беа гости на караванот “МВР за граѓаните”.

Во рамки на посетата имаа можност да се запознаат со професијата полициски службеник, како и со должностите и активностите на полицијата.

Исто така децата беа дел и од презентацијата на материјално техничките средства како и специјалните возила кои се користат во секојдневната работа на полицијата.