Есента е втора пролет, кога секој лист е цвет.
Убавината на есента се преслика и во занималните во објектот Развигорче. Децата со своите креативни изработки научија како да рециклираат и со лепење, цепкање и виткање на новинска хартија создадоа есенска корпа богата со плодови.
Ги потврдија и знаењата за временските промени во есента. Со своите вредни рачиња, играјќи се со цевчиња изработија чадорчиња и научија – дождец кога роси секој чадор носи. Исто така имаа можност со разновиден материјал како памук и хартија да изработат цртежи со мотив на птици преселници.
Преку овие активности е имплементирана програмата „Еколошка едукација во македонскиот образовен систем“.