Во рамки на „Детската недела“ која се одбележува секоја прва недела во месец Oктомври со цел развивање на општествената активност за афирмација на заштитата на децата, Јавната општинска установа – детска градинка „Ангел Шајче“ од Куманово го посети МВР на РСМ.

Децата во кругот на МВР  беа пречекани од припадниците на Единицата за брзо распоредување, на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Униформираната полиција, каде имаа несекојдневна можност да разгледаат дел од опремата на полицијата, а воодушевување кај нив предизвикаа и дел од боречките вештините кои ги негуваат припадниците на МВР.

Целта на посетата беше најмладите да се запознаат со професијата полициски службеник, неговите основни работни обврски, како и со дел од опремата и возилата кои полицијата ги користи во секојдневното работење во функција на што поголема безбедност на граѓаните.

Децата му подарија на Министерот пригодни изработки, групна фотографија и го почестија со убава детска песничка.

Воедно, ги видоа своите цртежи кои му ги подарија на Министерот на минатата средба во Куманово, врамени и изложени во просториите на Министерството.

Децата на заминување добија и пригодни подароци.