По повод одбележување на детска недела веќе традиционално децата од објект “Развигорче” учествуваат во настанот организиран во просториите на ООУ”Христијан Карпош” во населба Перо Чичо. Преку музика и стихови децата од две големи групи, како идни првачиња имаа можност да споделат прекрасни моменти и искрени насмевки.