По повод одбележување на Светски ден на водите на 22.03.2019 година, децата од големите групи од објектот Пчелка ја посетија филтерната станица за вода „Водостопанство“ – Куманово.
Оваа активност е дел од програмата „Интеграција на еколошка едукација во македонскиот образовен систем“ и нејзина цел е стекнување на знаења за значењето и улогата на чиста вода за опстанок на човекот и планетата Земја.