Ако сакате да научите повеќе за развојот на детскиот мозок, емотивното приврзување, градењето на карактерот, родителските стилови и ефектите од негативните искуства врз детскиот развој, придружете ни се на нашиот прв настан „Разговори за родителството“.
Настанот ќе го води Сашко Коцев. Битрикс Културен центар ќе настапи со претставата “Тишина” – аудио-визуелен перформанс кој ги оживува сите сетила на публиката и овозможува во целост да учествувате во доживувањето. А ,на настанот ќе учествуваат и деца и млади од Кумановскиот “Dance Team Fusion” со перформанс на тема „СТРАВ“.
Ќе имате можност да го слушнете и да разговарате со Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ. Како и со експертите: професор Марија Ралева, која ќе зборува за развојот на мозокот преку емоциите; професор Алма Тасевска ќе зборува за различните родителски стилови и професорот Кирил Барбареев кој ќе се осврне на тоа како да се развие карактерот кај децата и зошто е тоа важно.
Љубовта доаѓа природно, но успешното родителство се учи.
Драги родители придружете ни се!