Благодарение на долгогодишната соработка со ООУ “Вук Караџиќ”, дечињата од објект “Бубамара” имаа можност да се запознаат со училиштето и да се дружат со повозрасните другарчиња. Бевме поканети да ја следиме нивната претстава по повод прием на првачиња, а покрај претставата, децата учествуваа и во игри без граници заедно со дечињата од училиштето.