Денес во објектот „Кокиче“ со децата го одбележавме 2 Април- светски ден на книгата за деца . Децата ги посетија библиотеките во објектот и градската библиотека ,,Тане Георгиевски”- Куманово. Литературата за деца има за цел да ги едуцира и да ги информира најмалите, да ги поттикне да креираат, да размислуваат, да творат и да бидат љубопитни, да прашуваат и да најдат одговори за сѐ што е во нивен интерес.