На 16 Август 2023 година во објектот „Синоличка“ беше реализирана втората фаза од работилница во рамки на проектот „Подигање на квалитетот на предучилишното образование и грижа“ на тема Родителско вклучување во градинката.
На средбата се дискутираше за работилницата со родители која беше изберена во првата фаза, а која треба да се реализира во текот на месец септември.
Исто така од страна на Иван Христов – експерт за активно вклучување на семејството во рамки на овој проект, беа презентирани алатки за промоција на работилницата и привлекување на родителите (google tools, Canva).