Доживувањата на една личност се проследени со емоционални реакции преку кои вреднуваме, изразуваме однос кон други луѓе, настани, предмети и кон сопствените постапки. Емоционалниот развој е еден од важните психички процеси кој се одвива под влијание на наследството и созревањето, но и преку учење во текот на социјализацијата.