Пошегувајте се, насмевнете се!

Денес е 1ви Април, денот на шегата, денот кога можеме да ја изразиме креативноста и само за еден ден да бидеме што ќе посакаме. Децата во објект “Бубамара” како и секогаш беа маскирани во најразлични костими, на забавата и немаше крај. Дечињата го поминаа денот низ смеа и шега, а на нивните лица бликаше радост и среќа.