На ден 22.09 децата од објект Бубамара наместо да дојдат во градинка со автомобилите на своите родители, пристигнаа во градинка со своите тротинети.

Се поттикнаа на критичко размислување за правилно однесување како учесници во сообраќајот, но исто така се поттикна и одговорност за правилно однесување за грижа кон животната средина.

Во градинка се трудиме да поттикнуваме позитивни и добри навики кај децата уште од најрана возраст Беше организиран и полигон за возење на тротинет На радоста и среќата им немаше крај.

Децата ја прават магијата во градинката!