Четириесет вработени од редот на воспитувачи, негователи, стручни работници, раководители на објекти и директорката на ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово на 18.12.2023 год. присуствуваа на обука на тема „Препознавање и превенција на булинг – врсничко насилство во градинките“.

Обуката во рамки на стручното усовршување на давателите на услуги ја обезбеди установата и истата ја организираше Институтот за развој и унапредување на образование, култура, економија, право, здравје, спорт и други општествени феномени „Европски соѕвездија – Скопје“

Обуката ја реализираа :

Проф. д-р Анета Бараковска – доктор по педагошки науки

Проф. д-р Татјана Стојановска Иванова – доктор по социолошки науки

Проф д-р Тања Милошевска – доктор по одбрана и безбедносни науки

Slide