Започнете ја магијата со мирисот на новогодишните колачи.
Децата најмногу ги задржуваат информациите кога ги употрeбуваат нивните сетила. Многу од детските спомени се поврзани со едно или повеќе сетила, на пример мирисот на новогодишните колачи од градинка, вкусно приготвени со учителките. Без сомнение на децата им се дава можност да ги развиваат и подобруваат вештините како што се: когнитивните, физичките, креативните и јазичните способности.