Во чест на мистериозната Баба Марта и доаѓањето на пролетта, децата од нашата градинка заедно со своите учителки плетеа уникатни мартинки,едни од омилените модни додатоци на младите. Направени се од две бои, белата симболизира чесноста а црвената светлината и љубовта во животот. Како обичај мартинки се носат од 1-ви март до 22 март , поточно се додека не се види првото, пролетно, расцутено дрво а потоа треба да се закачат за дрво со желба за добро здравје.