Во рамки на проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишно образование и грижа“ беше реализирана креативна работилница со родители и деца на тема „Јас во мојата градинка“.
Целта на работилницата е развивање и продлабочување на соработката помеѓу родителите, децата и воспитниот тим, поттикнување на меѓусебната доверба и создавање на позитивна клима во која детето ќе се чувствува сигурно и поддржано.
Работилницата се одвиваше преку работа во помали групи во кои родителите беа поделени на уредувачи на сцена, писатели на сценарио, илустратори на ликови и актери.
36 родители од двете билингвални групи во објектот „Синоличка“ работеа заедно со своите деца, напишаа сценарио, ја украсија сцената, ги илустрираа ликовите и ја одглумија претставата пред останатите присутни.