Денеска на ден 05.10 децата од објект Бубамара имаа можност по повод детска недела да се дружат со Др Ферихан Бајрами и да разговараат за важноста на здравата храна и нејзино правилно конзумирање за добро здравје на децата и нивен правилен раст и развој. За децата ова беше едно ново доживување преку интеракција со докторката. Како благодарност до докторката и директорката на болницата за прекрасните полни кошници овошје децата испратија поздрави, со желби за брзо оздравување за децата кои се моментално хоспитализирани во болницата.