Голема благодарност до VEROPULOS DOOEL за големата поддршка која е од непроценливо значење со доделување на донацијата за децата во објектот ,,Кокиче”. Чест ни е бидејќи тие се дел од нашата заедница и помагаат да создадеме подобар свет за најмалите. Нивната поддршка и помош ни помага да создадеме радосна и стимулативна средина за учење и играње што е од непроценливо значење за развојот на нашите деца.