На 23ти септември ни пристигна златокоса есен во полн сјај со своите разновидни плодови и остави богати дарови во секој дом. Топлото есенско сонце ги намами дечињата од градинката “Бубамара” да излезат надвор и да учествуваат во разни активности. Заедно со своите учителки разговараа за боите, убавината на природата и за промените на времето во есен. Децата свежите лисја ги искористија за изработка на нараквици. При оваа активност, кај децата поттикнавме љубопитност и стекнување на елементарните сознанија за појавите во природата како и препознавање на карактеристики на годишното време есен.