Денеска на 2ри Октомври започнавме со низа активности да го одбележиме почетокот на детската недела. Децата имаат свои права, па така преку низа разни игри и активности во текот на целата недела сакаме да ги запознаеме со своите права и обврски. Во објект “Бубамара” дечињата денес имаа можност да ја искажат својата креативност преку цртање на плочник со креда. На задоволството и смеата им немаше крај.