Денеска во објект “Бубамара” беа организирани игри без граници преку кои децата имаа можност да ги покажат своите физички способности. Имавме различни игри за дечиња од сите возрасти како што се одење по права линија, оддржување баланс, скокање, влечење на јаже и др. Освен тоа што децата беа разиграни, насмеани и задоволни, овие активности помагаат кај децата да се развива координацијата и контролата на движење, а воедно се вежба и јакне физичкото здравје.