Секоја година во втората недела на месец септември и кај нас се одбележува “Ден на таткото”. Децата од сите воспитни групи во објект Бубамара размислуваа и раскажуваа на кој начин да го честитаат празникот на своите татковци. Направија прекрасни креативни изработки со своите учителки и на тој начин ја искажаа сета благодарност и љубов што ја чувствуваат за своите татковци.

Секој татко е СУПЕР ХЕРОЈ за своето дете!!!