Неизмерно сме благодарни на канцеларијата Office Plus за понудената соработка во проектот: ,,Практична работилница со деца на возраст од 5-6 год. “ За предложената работилницата од Office Plus добивме донација – плеада од креативни канцелариски материјали за групата учесници. Децата со радост најодговорно се вклучија во изработки на тема поврзана со многу значајниот христијански празник Велигден. Задоволството од успехот беше обострано и во заеднички договор за понатамошна соработка.