Денови на медот – Радост и знаење за нашите најмали на Градскиот плоштад- Куманово

Традиционалната саемска манифестација „Денови на медот“, беше посетена од децата од објект ,,Кокиче”. На организираниот настан најмалите од нашата градинка имаа можност да се запознаат со светот на пчелите и значењето на медот. Овој ден беше исполнет со многу насмевки, знаење и креативни активности кои ги донесоа децата поблиску до природата и придобивките на ова природно богатство.