Почитувајќи ги протоколите, во објект „Пчелка“ се реализираше есенска работилница „Дарови на есента“.
Дечињата заедно со своите родители направија изработки од есенски плодови, а потоа ги донесоа во градинка и го разубавија просторот околу нив. Во градинка пак заедно со своите учителки подготвија овошни салати и се засладија. Секоја активност беше посебна на свој начин, им ја доближи есента на дечињата и им остави слики за долго паметење.
Им благодариме на родителите за трудот и успешната соработка.
Воспитно згрижувачки тим од објект „Пчелка“