На семејно креативната работилница посветена на големиот празник Велигден децата заедно со родителите и учителките во убава атмосфера и весело расположение подготвија прекрасни велигденски и пролетни декорации кои ќе ги красат просториите и нашиот двор на градинката. Голема благодарност до сите родители кои секогаш се наша поддршка и помош во активности за поттик на квалитетен развој на децата.