Директорот е орган на раководење на детската градинка, законски застапник на истата и како таков ја претставува пред трети лица. Директорот на детска градинка се избира за време од четири години.
Директорот на детска градинка :
- ја организира и раководи работата на детската градинка
- самостојно донесува одлуки од делокругот на неговата надлежност утврдена со закон и актите на детската градинка
- одговорен е за законитоста и работата на детската градинка
- ја предлага Предлог – Годишната пчрограма за работа до Управниот одбор и презема мерки за реализирање на Годишната пчрограма за работа
- ги извршува одлуките на Управниот одбор
- изготвува план за кавни набавки
- одлучува за засновање и престанок на работен однос на вработени за вршење на дејност, согласно закон, актите на детската градинка и коективниот договор
- поднесува Годишен извештај за работа на детска градинка до Управниот одбор и основачот
- поднесува Извечтај за реализација на материјално – финансиско работење на детската градинка до Управниот одбор и до основачот
- формира постојани и повремени комисии за определени прашања поврзани со работењето и организирањето на работата
- склучува договори согласно закон