За вршење на внатрешна контрола на работењето на детската градинка основачот формира орган за надзор. Органот за надзор го сочинуваат пет члена именувани од основачот.
Членовите на органот за надзор се избираат со мандат во траење од четири години. Органот за надзор го свикува и со него раководи претседател кој го избираат членовите на огранот за надзор од своите редови. Органот за надзор своите одлуки ги донесува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови.
Органот за надзор врши контрола на материјално-финансиското работење на детската градинка, користењето и располагањето на средствата на детската градинка и за наодите доставува извештај до основачот, министерството, управниот одбор и директорот на детската градинка. Начинот на работа на овој орган поблиску се уредува со Статуот на установата.