Логика и размислување
- Да се поттикнува детето на користење на сетилата при запознавање и откривање на непосредната средина, предметите, алатките, играчките и основите на позабележителните појави;
- да се поттикне интерес и воочување на едноставни активности со причинско- последични врски;
- да се поттикне интерес за користење на едноставни алатки во извршувањето на одредени активности;
- да се поттикне интересот за откривање;
- да се поттикне и поддржува потребата за осамостојување при учество во едноставни активности.
Математика
- Да се поттикнува интерес кон групирање на 2 до 3 предмети според големината;
- да се поттикнува интерес кон разликување на елементарни форми (топка, коцка);
- да се поттикнува интерес кон класификација до два предмети според употребливост или функција;
- да се развиваат основи за воочување на одредени релации и односи (големо-мало).
Наука
- Да се поттикне интерес кај детето за стекнување одредени елементарни претстави и поими за предмети и појави од непосредната средина;
- да се овозможи стекнување на елементарни сознанија за одредени карактеристики на предметите преку набљудување и манипулација;
- да се поттикнува процес на воочување и елементарно препознавање на воочливите карактеристики на одредени растенија и животни;
- да се поттикнува процес на воочување и препознавање на живата и неживата природа.
Уметност
- Да се поттикне развојот на сетилата и да се постават основи за нивно користење;
- да се поттикне препознавање и елементарно разликување на одредени форми и облици на предмети во две димензии;
- да се развиваат способностите за реагирање според сетилата и доживувањата;
- да се поттикне интересот за набљудување на разни предмети, објекти, лица, апарати (музички, визуелни), материјали од непосредната околина;
- да се поттикне интерес кон истражување, манипулирање и користење на различни ликовни средства и материјали;
- да се поттикнат цртачките способности и вештини, односно ликовното изразување и доживување;
- да се поттикне препознавањето, откривањето на изворот и елементарното разликување на одредени звуци, гласови и движења;
- да се поттикне интересирањето кон истражување, манипулација со едноставни детски музички играчки, предмети, инструменти;
- да се поттикне покажувањето интерес кон пеењето и играњето.