Логика и размислување

  • Да се развиваат способности и вештини за користење на сетилата како основа за размислување и поврзување на знаењата;
  • да се развиваат способности зa користење на истражувањето и набљудувањето за учење и откривање;
  • да се поттикнува самостојно изведување на истражувачки активности;
  • да се поттикнат способности за користење на истражувањето во стекнување на нови знаења и искуства;
  • да се поттикнат и развиваат мисловните процеси (заклучување, помнење, логичкото поврзување, анализирање итн.);
  • да се поттикне дивергентното мислење во процесот на решавање на едноставни ситуации;
  • да се поттикне личниот процес на учење;
  • да се поттикне и поддржува сфаќањето на причинско – последичните врски и релации;
  • да се поттикне развивање на чувството за случувањата во сегашноста (разбирање на концептот за сегашност);
  • да се развива способности за стекнување на знаења за средината и опкружувањето преку конкретно наблудување и манипулирање;
  • да се поттикне кон користење на старите знаења во стекнување нови поими и претстави;
  • да се поттикнува и поддржува процесот на воочување, разбирање и користење на временски релации (сега, вчера, денес, утре, претходно, потоа и сл.).

Математика

  • Да се поттикнат кај детето способности за визуелно восприемање и именување одредени броеви (кои се надвор од низата);
  • да се поттикнува реверзибилноста во користењето едноставни математички операции;
  • да се развиваат способностите за просторно ориентирање и вербално искажување на односите, воочување релации во однос на себе (пред – зад; горе-долу; под, блиску- далеку, во – на);
  • да се поттикнуваат способностите за воочување и идентификување на релациските врски на деловите од целината;
  • да се поттикнуваат способностите за именување на елементи и релации од вонсетилно поставените предмети (предмети кои не ги гледа);
  • да се поттикнуваат способностите за поврзување на количината со симболите на броевите (цифра);
  • да се развиваат способностите за одредување и препознавање временски релации (делови од денот – утро, пладне, вечер, ден, ноќ);
  • да се поттикнуваат способностите за користење на математичките поими и операции во опкружувањето;
  • да се развиваат способности за воочување и споредување на разликите кај предметите;
  • да се развиваат способностите за споредување на брзина;
  • да се поттикнува користењето на стандардни и нестандардни мерки за мерење и споредување на предметите;
  • да се развиваат способности за класификација, компарација и серијација според боја, форма, големина, вид и род;
  • да се развива свеста за количеството на броевите (до 5);
  • да се поттикне доживувањето на математиката како пријатно искуство;
  • да се поттикне формирањето на иницијативност, трпеливост, истрајност, љубопитност, прецизност како особините на личноста.

Наука

Запознавање и разбирање на околината

  • Да се стекнуваат знаења и способности за одредување на временски релации (месеци, денови во неделата, ден-ноќ, периоди во денот);
  • да се развиваат способностите за препознавање и класификација на животните според местото на живеење, според родот и карактеристиките;
  • да се поттикнува интересот и љубовта кон природата;
  • да се поттикнува потребата за користење на истражувањето како форма на учење;
  • да се стекнуваат знаења и способности за препознавање и класификација на растенијата;
  • да се поттикнува процесот на осознавање на одредени основни фактори и услови за опстојување и развој на живиот свет;
  • да се поттикнува развојот на свесноста за сопствената улога во поддршката на опстанокот на природата;
  • да се развиваат способности за распознавање на основните својства на одредени природни елементи, појави и географски поими од опкружувањето;
  • да се поттикнат способностите за стекнување на основни сознанија за човекот како природно и социјално суштество;
  • да се развиваат способности за препознавање на годишните времиња;
  • да се поттикнува интерес кон научниот пристап во проучувањето и осознавањето на природата, растенијата, животните и човекот;
  • да се поттикнуваат одредени претстави и поими од областа на сообраќајната култура и современата техника и технологија на комуникакција;
  • да се поттикнува флексибилно и дивергентно мислење во поглед на користењето и комбинирањето на расположливите ресурси (средствата) во истражувањето.

Уметност

Ликовно воспитание и музичко воспитание

  • Да се поттикне способноста за истражување, споредување, именување на бои, текстура простор, форми, облици на предмети во две и три димензии;
  • да се развие способноста за правилно користење на ликовниот материјал;
  • да се оспособат за воочување и одбирање на материјали од непосредната околина за ликовно изразување;
  • да се поттикне интересот кон моделирање на посложени форми на предмети, животни, човекот;
  • да се развијат способности за истражување и откривање на различните ликовни материјали и техники, нивните комбинации;
  • да се развијат способности за самостојно, тандемско и колективно ликовно творење;
  • да се развијат способности за истражување и разликување на одредени звуци, гласови, шумови, движења;
  • да се развијат способности за индивидуално и хорово пеење;
  • да се развијат способности за восприемање, пеење едноставни мелодии со различен ритам и темпо;
  • да се развијат способности за активно слушање на музиката;
  • да се поттикнат способности за опсервација, слушање и имагинација според доживувањата низ музичките активности;
  • да се запознае и да именува одредени детски и други музички инструменти;
  • да се поттикнат музичко творечките способности;
  • да се развијат способности за реагирање според сетилата за вид, слух, мирис, вкус, допир, како и според искуствата и доживувањата;
  • да се развијат способности за користење различни материјали, алатки, инструменти, предмети и други достапни ресурси за искажување на сопствените креативни идеи и чувства;
  • да се поттикне интересот и љубовта кон танцувањето и креативното изразување преку движењата на телото;
  • да се поттикне интересот за учество во музички и ликовни активности;
  • да се развива интерес и љубов кон традиционалната народна музика и играње на традиционални народни ора;
  • да се развиваат способности за естетско доживување на опкружувањето;
  • да се поттикне сензитивноста по однос на селективно користење на различни видови музички и ликовен израз;
  • да се поттикне развојот на личните вредности преку користење на ликовната и музичката уметност.