Груб моторички развој
- Да се усоврши способноста за одржување на рамнотежата на телото;
- да се усовршат основните природни движења: одење, трчање, скокање, качување, провлекување;
- да се развива способноста за ориентација во просторот;
- да се оспособи да ги контролира деловите на телото;
- да се развива чувството за ритам;
- да се усовршува способноста да комбинираат секвенци на неколку моторички движења;
- да се поттикне развивањето на одделни мускулни групи;
- да се развива способноста за прескокнување повисоки препреки при трчање.
Фин моторички развој
- Да се развива способноста кај детето да ја користи доминантната рака во секоjдневните активности;
- да се oспособи да сипува течност во чаша, шише;
- да се развива способноста кај детето да дофаќа фрлена мала топка со едната или со двете дланки;
- да се усоврши координацијата за држење на ножички со едната рака и сечење хартија;
- да се развива способноста кај детето да истиснува густа содржина од туба;
- да се оспособи детето да црта, слика, моделира по зададена или слободна тема;
- да се развива способноста кај детето да превиткува хартија.
Здравје и безбедно однесување
- Да се усоврши способноста кај детето самостојно да ги извршува своите физиолошки потреби внимавајќи на хигиенските правила;
- да се оспособи да го средува просторот во кој игра;
- да се оспособи внимателно да ја поминува улицата во придружба на возрасна личност;
- да се усоврши способноста да препознава штетни и опасни навики по здравјето;
- да се оспособи да ги препознава факторите кои можат да го загрозат здравјето.
Сензомоторен развој
- Да се сензибира тактилната осетливост;
- да се збогатуваат сетилните искуства преку истражување – допирање на различни материјали;
- да се развива осетливоста за вкус;
- да се оспособува да именува различни вкусови;
- да се оспособува за препознавање и именување на мириси.
- да се збогатува сопственото сетилно искуство преку истражување – мирисање и вкусување на храната;
- да се усовршува функцијата на сетилото за вид;
- да се усовршува функцијата на сетилото за слух;
- да се оспособува преку истражување да разликува и именува различни шумови, звуци и гласови.