Комуникација и медиумска култура
- Да се развива во континуитет функцијата на говорниот апарат;
- да се оспособи за правилна дискриминација и артикулација на гласовите, како основа за правилно изговарање на зборовите;
- да се развиваат способности за разбирање на значењето на изговорените зборови;
- да се оспособува за слушање и разбирање на приказни кои ги чита возрасниот или други текстови, емитувани на радио или телевизија;
- да се поттикнува и да развива способност за започнување на дискусија и поставување прашања;
- да се оспособува за точно пренесување на кратки пораки;
- да се поттикнува и да развива способност за раскажување и изразување со куси целосни реченици;
- да се развива способност за употребување нови зборови и поттикнување за прашување за значењето на некој непознат збор;
- да се оспособи да изведува некои елементи на драматизација;
- да се јакне самодовербата и фантазијата на детето.
Читање и збогатување на речникот
- Да се развиваат способности за препознавање на печатени симболи во средината во која престојува детето;
- да се оспособува за правилно разгледување на сликовница вртејќи ги страниците една по една, од напред кон назад;
- да се поттикнува и развива интерес и љубопитност за користење и „читање“ на сликовници;
- да се оспособува за слушање и разбирање на одбрани дела од уметничкото и народното творештво;
- да се негува способност за забележување и доживување на звучност и ритмичност на поетскиот говор;
- да се збогатува на речникот на детето со зборови кои означуваат поопшти поими;
- да се оспособува за самостојно вербално изразување во конкретни ситуации;
- да се оспособува за формирање зборови кои означуваат множина, за менување на зборовите и нивно усогласување по род и број;
- да се оспособување за изразување со јасни и кратки реченици;
- да се развива способност за препознавање на некои букви во пишан текст или првата буква од своето име.
Пишување
- Да се развива способноста за цртање на одредени форми кои наликуваат на букви (пример круг во вид на буквата О);
- да се поттикнува и развива способноста за копирање на конкретно зададена форма;
- да се поттикнува и развива способноста за цртање предмет или лице од својата околина;
- да се развива способност за цртање слики според некој настан.