Навики за одржување на лична хигиена и уредност
Самостојно миење на раце пред и по јадење; да употребува хигенска хартија, уредно и чисто да ја одржува облеката и обувките, да умее посамостојно да ја соблекува и облекува горната облека; со помош на возрасен да ги откопчува патиките и чевлите; облеката и обувките да ги става уредно на определено место
Навики за одржување на хигиена и уредност на простории
Да се навикнува самостојно да ги зема и остава играчките на определено место; со помош на возрасен ги подредува центрите за игра, правилно ги отвара и затвара славините, правилно да користи санитарни уреди; ја фрла на определено место хигиенската и друга отпадна хартија; правилно го користи приборот и средствата за миење и играње; да ги подредува столчињата и масичките
Навики за културно јадење
Да се оспособува самостојно и правилно да јаде и да користи прибор за јадење, да пие вода од чаша, да јаде со затворена уста, да се навикнува кон определен ритам на исхрана
Навики за културно однесување
Да поздравува другарчиња и возрасни во градинка и во семејниот дом при доаѓање и одење, правилно да ја отвора и затвара вратата, правилно да ги користи играчките во индивидуални и групни игри и да ги остава на определено место; да употребува зборови за културно однесување (благодарам, догледање, молам)