Активноста беше реализирана заедно со родител професор по физичко образование Дарко Ангеловски, со деца од возрасна група од 4 до 5 години ,,Б”.

Преку разновидни гимнастички вежби, елементи на физичката активност и забавни подвижни игри, децата имаа можност да ги развиваат своите моторички способности. Акцентот беше ставен на правилното држење на телото, координацијата, рамнотежата и физичката издржливост.
Целта беше развивање на моториката и координација на движењата, како и поттикнување на љубовта кон спортот и физичката активност.
Активноста помина во весела и мотивирачка атмосфера, поттикнувајќи ја соработката, дружењето и позитивната поврзаност меѓу семејството и градинка.

Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide