Децата од објектот „Развигорче“ ја посетија филтерната станица за вода „Водостопанство“ – Куманово и Расадникот на ЈП „Чистота и зеленило“ во с. Добрашане.
Оваа активност е дел од програмата „Интеграција на еколошка едукација во македонскиот образовен систем“ и нејзина цел е стекнување на знаења за значењето и улогата на чиста вода и воздух за опстанок на човекот и планетата Земја.