По повод одбележувањето на 11 Ноември – Денот на ослободувањето и празникот на нашиот град Куманово, највозрасните деца од објект “Детелинка” со голем интерес ги посетија НУ “Народен Музеј”- Куманово и ликовната изложба “Боите” од сликарот Боро Арсовски во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

Преку разгледување, набљудување и запознавање со богатото културно историско наследство, децата имаа можност да ја поттикнат љубовта кон културата и уметноста.
Особена благодарност до вработените,
в.д. Агим Бесими, м-р советник етнолог Анита Стојчевска, како и водичите археолози Фросина Лазаревска и Даниела Даиловска од НУ Народен Музеј за нивнот едукативен пристап кон децата.
Со вакви посети ја негуваме љубовта кон родниот град и ги учиме најмалите да ги препознаваат и ценат неговите културни вредности.
Куманово – наш град, наша гордост!

Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide