Куманово 3д принт донираше 150 3Д печатени венчиња за визири, а нашата установа обезбеди фолија за изработка на истите со што заеднички обезбедивме дополнителна заштита за нашите вработени.
Венчињата се изработени од биоразградлива пластика PLA која е составена од пченкарно брашно, одобрена од тим на лекари од инфективната клиника на ГОБ „8ми Септември“ и нема никакви негативни последици за кожата. Фолијата (ВЕРАЛИТ) може да се стерилизира со ладен стерилизатор и не е штетна за видот.
Оваа донација е особено значајна за нашата установа бидејќи ќе обезбеди поголема заштита на најмалите за време на нивниот престој кај нас.