По повод денот на водата децата од две групи на возраст над 5 – 6 год при објектот “Развигорче ” имаа можност да ја посетат филтер станицата на нашиот град Куманово и воедно да ги прошират своите знаења за значењето и важноста на водата за пиење , која до нашите домови пристигнува како чиста, филтрира на вода за пиење. Процесите на филтрирање низ кои поминуваат сите видови на води на интересен начин ни ги прикажаа вработените , се до последната фаза на незиното конзумирање.