Нашата соработка со родителите продолжува, како мост кон нови детски искуства.
Упатуваме искрена благодарност до Ивица Стоилковски сопственикот на слаткарницата “Грими” и воедно родител на Симон Стоилковски за иницијативата и можноста на највозрасните деца од објект Детелинка при ЈОУДГ”Ангел Шајче” Куманово за едно поинакво, едукативно и несекојдневно доживување. Децата непосредно да ја почувствуваат работната атмосфера и се запознаат со процесот на производство и продажба на торти и колачи, но и да ја слушнат инспиративната приказна за настанокот и развојот на слаткарницата како семеен бизнис, изграден со љубов, посветеност, труд и заедничка визија.
Којзнае, можеби меѓу нашите малечки се крие некој иден мајстор за слатки ремек-дела!

Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide