Почитувани родители,

            Врз основа на член 60 став 1 од Законот за заштита на децата („Службен весник на РМ“ бр.23/13, до 198/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.104/19 до 17/25), ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово,  Ве известува дека на ден 20.08.2025 година е извршен прием на деца во градинка. Одлуката за прием на деца е објавена на огласна табла на секој од објектите на ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово.

Ваша обврска е во рок од 60 календарски денови од денот на донесувањето на Одлуката за прием на деца да склучите договор со установата, со приложување на потребната документација (брис од грло, брис од нос, копрокултура, урина, крвна слика, потврда од матичен лекар, копија од вакцинален статус за детето и потврда за работен однос од двајца родители).

Потребната документација заедно со склучениот договор да ја приложите на учителките при првиот прием на вашето дете.

Во случај да не склучите договор во дадениот рок од 60 дена, Вашето барање за прием ќе биде поништено.